Достапни линкови

Македонија во група со европскиот шампион Франција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонската ракометна репрезентација за противници во квалификационата група 6 за Европското првенство во Полска 2016 година ги доби репрезентациите на Франција, Чешка и Швајцарија. Тоа беше епилогот од денешното извлекување на квалификационите групи одржано во Варшава.

Секако најзвучно име во нашата група е репрезентацијата на Франција која има три титули европски шампион (2006, 2010 и 2014 година), двократен олимписки првак (2008 и 2012) и има четири титули светски првак.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група, како и најдобро третопласираната репрезентација. Квалификациите ќе се играат од октомври 2014 до јуни 2015 година.
XS
SM
MD
LG