Достапни линкови

НАТО - Големи руски сили на границата со Украина


НАТО соопшти дека сателитските снимки што ги објави покажуваат распоредување на големи руски сили покрај границата со Украина. Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа на НАТО во денешното соопштение наведува дека снимките се веродостојни и објави нови снимки од истата област. Руски претставници ги оспорија снимките кои беа објавени вчера, тврдејќи дека се од воени вежби во август минатата година. Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа на НАТО, пак, тврди дека снимките се направени кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец. Тие велат дека цврсто стојат на својата проценка дека во близина на украинската граница има меѓу 35 и 40 илјади руски војници. Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, денеска во Софија рече дека Русија мора да ги повлече своите сили од граничниот регион и да почне „искрен“ дијалог со западот.
XS
SM
MD
LG