Достапни линкови

Јанкулоска - Личните карти на непостоечки адреси се издавани од СДСМ


Архивска фотографија: Министерката Гордана Јанкулоска.

Архивска фотографија: Министерката Гордана Јанкулоска.

Личните карти на непостоечки адреси се издавани многу одамна уште во времето на СДСМ, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање. Проверките покажаа дека сите лица на посочените адреси имаат издадено документи на оваа адреса многу одамна. Дел од нив се во периодот 2003 година, потоа 1998, 1997, 1996, 1994, 1978 година, потоа во осумдесетите години. Евидентно е дека СДСМ некоја претходна ситуација, во времето кога тие управувале со институциите, се обидоа да ја стават во функција на овие избори, меѓутоа има една неуспешна координација со луѓето кои тие ги контролираат, а се претставуваат како претставници на НВО, рече Jанкулоска. Претходно, невладината организација Цивил објави дека во скопската општина Кисела Вода во избирачкиот список има лица заведени на адреси кои не постојат.
XS
SM
MD
LG