Достапни линкови

Украина сака да купува гас од Европа


Украина соопшти дека не може да ѝ ги плаќа на Москва новите повисоки цени за природниот гас и се надева дека ќе купува од Европа. Украинскиот министер за енергија и јаглен, Јуриј Продан, денеска во украинскиот парламент во Киев рече дека Украина нема да се согласи со руските „политички“ цени на гасот и оти ќе се обрати до Арбитражниот трибунал во Стокхолм. Продан вели дека мора да се смени руската одлука од минатата недела за зголемување на цената на гасот за Украина на 480 долари за 1000 кубни метри, што е покачување на цената за повеќе од 40 проценти во однос на март. Киев оцени дека овој чекор е политички мотивиран за да се спречи Украина во воспоставувањето поблиски врски со ЕУ. Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги предупреди украинските и западноевропските лидери дека снабдувањето со гас на Европа би можело да биде нарушено ако Украина не го плати долгот од 2,2 милијарди долари за гас кон Русија.
XS
SM
MD
LG