Достапни линкови

Во Атина забранети протести поради посетата на Меркел


Грчката полиција забрани протести во Атина поради посетата на германската канцеларка Ангела Меркел. Синдикатите и опозициската левичарска партија Сириза ги поддржаа протестите планирани за денеска. Мерките за безбедност во Атина се зголемени по вчерашната експлозија на бомба поставена во автомобил пред Банката на Грција. Во нападот немаше повредени. Меркел во текот на посетета ќе се состане со грчкиот премиер Андонис Самарас, кој е под притисок на опозицијата да распише предвремени избори за идниот месец, истовремено со изборите за европарламентот.
XS
SM
MD
LG