Достапни линкови

Русија нема да го екстрадира Јанукович


Виктор Јанукович

Виктор Јанукович

Рускиот јавен обвинител Јури Чајка денеска во Симферопол изјави дека отстранетиот украински претседател Виктор Јанукович нема да и биде израчан на Украина. Според Чајка, тој не извршил никакво злосторство за што би можело да му се суди во Киев. Украинската влада побара екстрадиција на Јанукович, неколку денови откако тој ја напушти Украина. Тој е осомничен дека наредил да се стрела врз демонстрантите во Киев при што загинаа стотина луѓе.
XS
SM
MD
LG