Достапни линкови

logo-print

Од полноќ молк пред претседателските избори


Кампањата за претседателските избори закажани за недела завршува на полноќ. Утре е изборен молк, а поради изборите, според одлуката на ДИК, дводневен прекин ќе има и кампањата за предвремените парламентарни избори. Граѓаните својот глас ќе можат да го дадат за четворицата кандидати Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и на коалицијата, Зоран Поповски кандидат на ГРОМ и на коалицијата и Илијаз Халими кандидат на ДПА. Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петите избори за претседател во недела имаат еден милион 779 илјади и 572 избирачи. Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората. Претседателските избори ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи.
XS
SM
MD
LG