Достапни линкови

logo-print

„Мудис“: прогнозата за Турција од стабилна во негативна


Меѓународната агенција „Мудис“ ја намали прогнозата за рејтингот на Турција од стабилна на негативна. Во образложението се наведува дека одлуката е поврзана со зголемениот притисок врз позициите на земјата во однос на надворешното финансирање, поради постоењето на политичка поделеност на општеството и намалувањето на глобалната ликвидност. Освен тоа, намалени се и краткорочните показатели за растот на БДП, а се зголемува неизвесноста околу тенденциите на среднорочниот раст, поради внатрешнополитичките бранувања.
XS
SM
MD
LG