Достапни линкови

Обама: Можни нови санкции против Русија


Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за можноста од дополнителни санкции против Русија поради нејзината инволвираност во Украина. Во телефонскиот разговор двајцата државници побарале од Москва да ги повлече трупите од граничниот регион со Украина.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека проруски сеператисти, најверојатно поддржани од Москва, ја дестабилизирале Украина преку оркестирана кампања на инцидинети и саботажи.

Обама ја подвлекол неопходноста за Соединетите Држави, Европската унија и другите сојузници да бидат подготвени да се соочат со нова руска ескалација и со натамошни санкции.

Белата куќа најавува дека двајцата државници ќе ги продолжат разговорите при посетата на Меркел на Вашингтон. Не е наведено и кога тоа ќе се случи.

Соединетите Држави исто така ја обвинија Русија дека ја користи енергијата за да врши притисок врз Украина.
Над 25 милијарди долари биле потрошени од Руската Федерација во изминативе пет до шест недели за да ја одбрани рубљата.
Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД.


До ова дојде откако рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа дека снабдување со гас на Украина би можело да биде запрено доколку Киев не го плати заостанатиот долг за гасот од над 2 милијарди и 200 милиони долари.

„Ги осудуваме руските напори да ја користи енергијата како алатка за принуда против Украина“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки, цитирајќи го писмото на Путин испратено до лидерите на 18 европски земји за критичната ситуација околу украинскиот долг и руското покачување на цената на гасот за Украина.

Таа оцени дека цената од 485 долари за илјада кубни метри гас што сега ја плаќа Украина не е според пазарните стандарди и многу е повисока од онаа што ја плаќаат другите европски земји.

Во писмото Путин пишува дека Русија е подготвена, заедно со Европската унија да помогне во обновата на украинската економија.


Но, тој додава дека неактивноста на Унијата околу украинскиот долг за гасот дава впечаток дека европските партнери сакаат еднострано да ја обвинат Русија за последиците од украинската економска криза.

Во меѓувреме, американскиот помошник дравен секретар Викторија Нуланд во сентското сослушување изјави дека украинската криза има негативни последици и врз руската економија.

„Над 25 милијарди долари биле потрошени од Руската Федерација во изминативе пет до шест недели за да ја одбрани рубљата“, рече таа, додавајќи дека излевањето на капиталот од Русија е поголемо од истиот период лани.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG