Достапни линкови

logo-print

Непостоечки станови и влезови во избирачкиот список во Кисела Вода


Екипа на Цивил констатира дека во скопската општина Кисела Вода во избирачкиот список има лица заведени на адреси кои не постојат. Според избирачкиот список, на улица „Петар Дељан“ бр 1 живеат гласачи во првиот влез, стан 22, како и во вториот влез, стан 25.

„Нашиот тим излезе на терен и констатира дека во двата влеза има само по 17 стана. Во двата влеза последните станови се со број 17. Од денешното истражување откривме дека 8 лица не живеат на овие адреси, иако се наоѓаат во списокот. Жител од едниот од влезовите на оваа зграда ни потврди дека таа има само 17 стана. Исто така, го прашавме за некои имиња кои се наоѓаат во избирачкиот список – тој немаше слушнато за нив“, велат во невладината организација Цивил.

Тие исто така добиле информација и за непостоечки влезови според избирачкиот список, на истата улица, на број 11.

„Според нашата информација, во избирачкиот список стои дека споменатата зграда има 9 влеза. Нашата екипа ја посети зградата и виде дека истата има само два влеза. Влезовите со броевите од 3, 5, 6 и 9, како што се заведени во избирачкиот список, воопшто не постојат“, информираат во Цивил.

По добиените сознанија, тие денеска се обратија со писмо до Државната иаборна комисија, во кое бараат одговор на прашањето дали во избирачкиот список има евидентирани гласачи – жители на наведените непостоечки адреси.
XS
SM
MD
LG