Достапни линкови

Путин - Тајните анкети покажаа дека треба да се анексира Крим


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата одлука да го преземе украинскиот регион Крим под руска контрола била конечно донесена по „тајните анкети“ кои покажале дека тамошните луѓе сакаат да живеат под руска власт. Тој изјавил дека неговата влада првично „не била подготвена за таков развој на настаните“.

Путин рече дека по „тајните анкети“ „еднаш засекогаш стана јасно дека добро ја избравме нашата линија на делување“. Тој рече дека првата анкета покажала дека 80 отсто од жителите на Крим сакале регионот да се припои кон Русија и оти тој број уште повеќе се зголемил до референдумот од 16 март „кога процесот почна да се развива“.

Русија го анексираше Крим по референдумот кој беше прогласен за нелегитимен од страна на Украина и од западните земји.
XS
SM
MD
LG