Достапни линкови

Мировници на ОН во Централноафриканската Република


Советот за безбедност на ОН одобри испраќање на 12 илјади мировници на ОН во Централноафриканската Република, каде што насилствата меѓу христијаните и муслиманите предизвикуваат стварувавања од геноцид. Советот за безбедност денеска едногласно ја прифати резолуцијата предложена од Франција за испраќање на 10 илјади војници на ОН и 1800 полицајци. Се очекува тие да ги преземат задолженијата од силите на Африканската унија до септември. Дополнителни две илјади француски војници се овластени да ги употребат „сите неопходни средства“ за поддршка на новите сили на ОН.

Илјадници луѓе се убиени во Централноафриканската Република од минатата година во борбите меѓу христијанските милиции и муслиманските бунтовници. ОН соопштија дека околу една четвртина од населението, или 1,3 милиони луѓе, имаат потреба од помош.
XS
SM
MD
LG