Достапни линкови

Кинески режисер ќе снима римејк на „Валтер го брани Сараево“


Кинески и балкански филмаџии денеска објавија дека планираат римејк на култниот југословенски филм „Валтер го брани Сараево“, кој е многу популарен во Кина. Филмот оригинално беше снимен во 1972 година во режија на Хајрудин Крвавац. Беше прикажуван во десетици земји, но најголемиот успех го постигна во Кина. Во оваа земја филмот достигна толкава популарност што по главниот лик беа именувани улици, а некои Кинези им го дадоа токму името Валтер на своите деца. Главниот протагонист во филмот, Валтер, го предводи комунистичкиот отпор против нацистичките сили во Југославија во Втората светска војна.
Римејкот ќе го режира кинески режисер, но снимањето и продукцијата главно ќе бидат во Босна и со локални актери. Буџетот на филмот е 7 милиони евра, а се очекува снимањето на почне на почетокот на 2015 година.
XS
SM
MD
LG