Достапни линкови

logo-print

Хрватска ќе добие 150 милиони евра од фондовите на ЕУ


Европската комисија денеска ја потврди усогласеноста на хрватскиот систем за управување и надзор на фондовите на Европска унија и исплата од 150 милиони евра аванс.

ЕК испрати четири писма до Министерството за регионален развој и фондови на ЕУ во кои дава позитивна оценка за хрватскиот систем. Тоа значи дека испалтата од 150 милиони евра аванс може да се очекува на 22 април, потврди извор од ЕК.

Средствата од 150 милиони евра е една третина од средствата кои Хрватска може да ги повлече од структурните и Кохезискиот фонд за првите шест месеци членство, за втората половина од 2013 година.
XS
SM
MD
LG