Достапни линкови

ДУИ со приговор до ДИК за гласачите од Пустец


Седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Демократската унија за интеграции вчера поднесе приговор до Државната изборна комисија, поради вклучувањето на 675 гласачи од Пустец во избирачкиот список, со цел остварување на правото на гласање во Амбасадата на Република Македонија во Тирана.

Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој рече дека сите тие гласачи не го исполнуваат законскиот услов за учествуво на изборите во 27 април на парламентарните избори, а уште помалку да гласаат за кандидатите за пратеници за Европа.

„Изборниот законик јасно предвидува дека право на глас имаат граѓаните со адреса на живеење во Македонија, додека во случајот со гласачите од Пустец, тие немаат адреса на живеалиште во Република Македонија“, посочи Османи.

Според него, тие не претставуваат ниту дијаспора, ниту граѓани со привремен престој во странски земји, ниту граѓани на Македонија, за да имаат можност да гласаат.

Со оглед на фактот, како што рече, дека се заложуваме за фер избори, бараме ДИК, да ги избрише овие луѓе од избирачкиот список, бидејќи со закон тие немаат право на глас. Ние цениме дека овој чин ќе придонесе изборниот процес да биде прифатлив и веродостоен за сите страни.
XS
SM
MD
LG