Достапни линкови

Чешка нема да ја проширува нуклеарката Темелин


Чешката енергетска компанија ЧЕЗ, соопшти дека го откажува тендерот за изградба на уште два реактора на нуклеарната централа Темелин. Откажувањето било договорено со владата на премиерот Бохуслав Соботка. На тендерот беа пријавени руската компанија Росатом, заедно со уште две чешки компании, како и американската компанија Вестингхаус. Инаку, нуклеарната централа Темелин се наоѓа во близина на границата со Австрија и има два функционални реактора.
XS
SM
MD
LG