Достапни линкови

Расмусен: Русија мора да ги повлече трупите од границата со Украина


Русија мора да ги повлече своите трупи од границата со Украина доколку сака да почне дијалог за кризата во таа земја, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. На прес конференција во Прага, Расмусен додаде дека секоја натамошна воена акција на Русија ќе има последици и економски санкции. НАТО проценува дека Русија има околу 40 илјади војници во близина на границата со Украина, рече Расмусен кој денеска е во посета на Чешка.
XS
SM
MD
LG