Достапни линкови

Руски пратеници бараат истрага за распадот на СССР


Група руски пратеници од владејачката Обединета Русија, Кумонистичката партија и Лидерал демократската, побарале од јавниот обвинител да покрене истрага за распадот на Советскиот Сојуз во 1991-ва година. Во нивното барање, тие тврдат дека тоагшното советско раководство нелегално го растурило Советскиот Сојуз, бидејки, според нив, на референдумот, мнозинството граѓани биле против. Се бара истрага и за улогата на поранешниот претседател Михаил Горбачов. Горбачов оцени дека ова барање е чист популизам, додавајки дека Советскиот Сојуз беше расформиран со одлука на парламентот во декември 1991-ва година.
XS
SM
MD
LG