Достапни линкови

Путин со предупредување до Украина


Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди украинската влада да не прави нешто што подоцна не би можело да биде поправено. Тој изрази надеж дека руските дипломатски напори во врска со украинската криза ќе бидат успешни. Путин оцени дека Европа ја признава владата во Киев, но оти не дава пари за да ја поддржи. Според него, Москва ја продолжува поддршката на Украина, но оти тоа не може да трае вечно. Премиерот Дмитри Медведев изјави дека Киев веќе и должи на Москва 2,2 милијарди долари за ипорачан руски гас. Путин сугерирал дека Русија би требало да ја продолжи испораката на гас на Украина, но само доколку таа би плаќала еден месец унапред.
XS
SM
MD
LG