Достапни линкови

logo-print

Протести на стечајци во Скопје


Стотиците стечајци поддржани од граѓанските здруженија „Ленка“ и „Солидарност“ денеска одржаа протести во Скопје. Тие беа пред ССМ, Владата, Собранието и МРТВ.

Стечајците, во Сојузот на Синдикатите, доставија барања за измени на законот со кој ќе бидат обештетени сите стечајни работници во Македонија. Барањата, според нив, треба во рок од два дена да ги разгледа Социоекономскиот совет при Владата.

Претседателката на здружението „Унит“ стечајката Лилјана Георгиевска, како што јавија медиумите, била вербално нападната од еден полицаец пред зградата на Сојузот на синдикатите.

Според неа, станува збор за истиот полицаец, кој ја повреди за време на протестот пред Владата на 18 февруари.
XS
SM
MD
LG