Достапни линкови

Невладината Цивил забележала предвремено започнување на кампањите, злоупотреба на јавните ресурси, изборни вработувања и сомнежи за имињата на избирачкиот список.

Предвремено започнување на кампањите за претседателските и предвремените парламентарни избори, злоупотреба на јавните ресурси, изборни вработувања и сомнежи за имињата на избирачкиот список, нотира невладината Цивил во нејзиниот прелиминарен извештај за текот на изборниот процес во Македонија.
Би сакал во името на Цивил да упатам апел, пред сè до граѓанките и граѓаните на Република Македонија да го остварат своето гласачко право слободно и достоинствено.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.


Претседателот на Цивил, Џабир Дерала, вели дека не може да се направи јасна дистинкција меѓу двете кампањи. Според него, тие забележале градежни зафати кои се ставени во контекст на изборите, притисок врз граѓани во Брвеница, Тетово да излезат на митинг, користење на јавни автобуси за потребите на партиите, како и составување на списоци со гласачи на членовите на партиите и делење дневници и храна на учесниците на митинзите.
ДИК, нормално дека во текот на мирната работа, кога нема избори, сигурно дека ги зема предвид тие што и помагаат или тие што се во надлежност на ДИК.


„Наш принцип е во овие прелиминарни извештаи да избегнуваме споменување на политички партии и поединци, меѓутоа можам да ви кажам дека нема партија што нема барем мал грев во изборниот процес во Република Македонија, како на минатите така и на овие избори. Се разбира дека тоа го правиме во сите наши изјави, но секако во крајниот извештај што го подготвуваме во еден посебен тим, тие ќе бидат посочени без никаков проблем“, вели тој.

Дерала порачува и дека дошле до извештаи за изборни вработувања во Комуналец во Охрид и вработувања во администрацијата во Куманово. Од Цивил нотирале и сомнежи за постоење двојни лични карти и жители на непостоечки адреси кои се наоѓаат на избирачкиот список.

„Би сакал во името на Цивил да упатам апел, пред сè до граѓанките и граѓаните на Република Македонија да го остварат своето гласачко право слободно и достоинствено и да не дозволат да станат жртви на притисоците и манипулациите од која и да е политичка партија во земјата„, вели Дерала.

Потпретседателот на ДИК Сухби Јакупи вели дека тие постапуваат по прелиминарниот извештај од ОБСЕ/ОДИХР за спречување на натамошни нерегуларности. Но, според него, извештаите од невладините организации ги прегледуваат по изборите.

„Добро, тие не ги доставуваат прелиминарните извештаи, тие секогаш прават конечни извештаи по изборите, ги објавуваат и ни ги доставуваат и после ДИК, нормално дека во текот на мирната работа, кога нема избори, сигурно дека ги зема предвид тие што и помагаат или тие што се во надлежност на ДИК“, вели Јакупи.

Од Цивил најавија дека ќе го достават извештајот до ДИК и упатија апел до институциите да сторат сè што е во нивна надлежност да ги отстранат аномалиите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG