Достапни линкови

ММФ - раст на македонската економија од 3,2 % во 2014


Меѓународниот монетарен фонд предвидува македонската економија годинава да регистрира раст од 3,2 насто. Претходната проекција беше 3 проценти.

Од земјите во регионот, најголем раст од 3,9 проценти ќе има Косово, а потоа следат Црна Гора со 2,8 отсто, Албанија 2,1 проценти, Босна и Херцеговина 2 и Србија со еден процент.

За следната година ММФ очекува раст на македонската економија од 3,4 проценти, а до 2019-та до 4 насто.

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка очекуваат светската економија годинава да забележи раст од 3,6 отсто.

Како главни ризици кои негативно ќе влијаат на глобалното економско закрепнување се наведуваат зголемените геополитички тензии, ниската инфлација, како и забавувањето на брзо растечките економии и на пазарите во развој. Растот на европската економија се очекува да биде 1,7 проценти.
XS
SM
MD
LG