Достапни линкови

Кампањите - битка за неопределените


На определените речиси е невозможно да им се промени мислењето, а кампањата најмногу се води за големиот дел неопределени гласачи во Македонија

Некои веруваат во ветувањата, дел се веќе определени, а други пак воопшто не се заинтересирани. Граѓаните со поделени мислења околу веродостојноста на кампањите на политичарите и нивните партии. Упатените посочуваат дека на определените речиси е невозможно да им се промени мислењето, а кампањата најмногу се води за големиот дел неопределени гласачи во Македонија.
Не знам, неодреден сум, јас во тие што неопределени, се уште не знам ниту дали ќе гласам, ниту за кого да гласам.


Дел од анкетираните граѓани во рубриката „Хајд Парк“ на нашата интернет страница slobodnaevropa.mk велат дека се неопределени.

„Не гласам за никого, немам партија.“

„Не знам, неодреден сум, јас во тие што неопределени, се уште не знам ниту дали ќе гласам, ниту за кого да гласам.“

Други пак велат дека кампањата не може да ги разубеди:

„Следам, ама не можат да му го сменат мислењето.“

„Не можат да ми го сменат, јас сум замислил за кого ќе гласам, од која партија и за таа ќе си гласам.“
Ако се определени за некоја личност, некоја партија, тешко кампањата не може да промени нешто, мал е процентот.
„Кампањата одлична е, се им верувам.“

Трети велат дека никому не веруваат:

„Овие избори решив воопшто да не ги слушам политичарите, дури мислам дека и оние што следат кампањи, горе- доли ќе си гласаат онака како што замислиле пред да почне кампањата.“

Социологот Илија Ацески вели дека кампањата нема никакво значење за оние кои се определени.

„Постои едно убедување, а и еден дел од истражувањата го покажуваат тоа дека они што на некој начин се определени кампањата за нив нема никаква значење. Ако се определени за некоја личност, некоја партија, тешко кампањата не може да промени нешто, мал е процентот.“

Покрај тоа што тешко може да им се верува на предизборните анкети кои се испартизирани, сепак се евидентира дека во Македонија има голем број на неопределени гласачи - околу една третина од анкетираните, посочува Ацески.

„Голем дел, една третина од граѓаните не се определени, така се изјаснуваат. Во суштина целокупната кампања се сведува на тоа како најголемиот дел од неопределени да се придобијат, тука се води главната кампања во Македонија.“
XS
SM
MD
LG