Достапни линкови

Ѓукановиќ: Очекуваме покана за влез во НАТО


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден во Вашингтон, изјави дека Црна Гора очекува покана за членство во НАТО на самитот во Велика Британија во септември.

По средбата, како што јави МИА, Ѓукановиќ изјави дека неговата земја засега не се соочува со закани од Русија, но оти поради противењето на НАТО неговата Влада „оди на жилет“, а воедно повика на решавање на спорот за името за и Македонија да може да влезе во НАТО.
XS
SM
MD
LG