Достапни линкови

logo-print

Бомба на пазар во Исламабад - 23 загинати


Најмалку 23 лица загинаа, а 70 беа повредени при експлозија на бомба во предградието на пакистанскиот главен град, Исламабад, соопшти полицијата. Бомбата експлодирала на пазар за овошје и зеленчук.

Полицијата соопшти дека околу пет килограми експлозив биле сокриени во картон со овошје.

Очевидците за Радио Слободна Европа – Радио Машал изјавија дека експлозијата се случила кога работници и рано наутро купувале овошје.
XS
SM
MD
LG