Достапни линкови

Гласање на членовите на избирачките одбори во амбасадите


Во Државната изборна комисија денеска ќе гласаат 294 членови на избирачките одбори за спроведување на гласањето за претседателските избори во Дипломатско - конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство. Оваа година првпат на претседателски избори ќе можат да гласаат и македонски државјани кои работат или престојуваат во странство.
За гласањето во дијаспората, што ќе се одржи в сабота на ден пред изборите, пријавени се 8.332 македонски државјани, од 70.305 запишани во избирачкиот список. Во ИЕ 7 (Европа и Африка) ќе можат да гласаат 5.892 македонски државјани, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка)-1.426 и во ИЕ 9 (Австралија и Азија) - 1.014. Гласање ќе има во 34 избирачки места во дијаспората, од вкупно 47.
XS
SM
MD
LG