Достапни линкови

Бајден разговараше со Ѓукановиќ и Фицо за Украина


Џо Бајден

Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден разговараше за кризата во Украина со лидерите на Црна Гора и Словачка. Вчера во Белата Куќа тој се сретна со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, при што станало збор за ситуацијата на Балканот по рускиот притисок врз Украина. Бајден ја пофали Црна Гора за направениот напредок кон придружувањето во НАТО и рече дека САД ги поддржуваат црногорските аспирации за поблиски врски со Европа. Потпретседателот на САД вчера имал телефонски разговор со словачкиот премиер Роберт Фицо. Тие дискутирале за загриженоста околу руското нарушување на украинскиот суверенитет и претстојните избори во Украина. Бајден и се заблагодарил на Словачка за помошта на Украина во снабдувањето со енергија. За западните земји тоа е клучно за намалување на европската зависност од рускиот гас.
XS
SM
MD
LG