Достапни линкови

Идната недела состанок меѓу Русија, Украина, ЕУ и САД


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон во идната недела ќе се сретне со високи американски, руски и украински претставници, со кои ќе разговара за кризата во Украина. На состанокот, покрај Ештон ќе учествуваат и американскиот Државен секретар Џон Кери, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и привремениот шеф на украинската дипломатија Андриј Дешчицја. Според дипломати во ЕУ, состанокот ќе биде одржан во Европа, иако засега не е познато каде и кога.
Деновиве Кери и Лавров телефонски разговараа за свикување директни разговори во наредните 10 дена меѓу Украина, Русија, САД и ЕУ за намалување на тензиите.
XS
SM
MD
LG