Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Иран и 6 светски сили денеска во Виена ги продолжуваат вчера започнатите разговори за финален договор насочен кон прекинување на сомневањата околу нуклеарната програма на Техеран. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изрази надеж дека во Виена може да биде постигнат доволен напредок, кој би им овозможил на преговарачите да почнат да го изработуваат конечниот договор до средината на мај. Официјални лица соопштија дека двете рунди разговори досега биле фокусирани врз прашања кои ќе бидат вклучени во долгорочен договор.
Иран и шесте светски сили- САД, Франција, Русија, Кина, Британија и Германија, постигнаа привремен договор во ноември минатата година. Според него, Иран се согласува да го намали нивото на својата нуклеарна програма, во замена за одредени олеснувања на острите меѓународни санкции.
XS
SM
MD
LG