Достапни линкови

Отфрлено барањето за референдум за независност на Каталонија


Шпанскиот парламент го отфрли барањето на североисточниот регион Каталонија за одобрение да се одржи референдум за независност. По седумчасовната дебата, 299 пратеници гласаа против, 47 беа „за“, а еден беше воздржан.
Шпанската влада соопшти дека гласањето ги поддржува нејзините аргументи оти каталонскиот референдум за независност би го нарушил уставното уредување на земјата.
Каталонските националисти најавија дека ќе продолжат да притискаат за одржување на гласање во ноември. Каталонски законодавци изјавија дека движењето веќе има добиено голем замав за да може комплетно да биде запрен референдумот.
XS
SM
MD
LG