Достапни линкови

Прва посета на ирски претседател на Британија


Ирскиот претседател Мајкл Хигинс

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс

Мајкл Хигинс вчера стана првиот ирски претседател кој имал државна посета на Велика Британија од прогласувањето на неависноста пред речиси еден век. Обраќајќи се пред двата дома на британскиот парламент, Хигинс ги нагласи силните и постојани врски меѓу неговата земја и Британија. Тој рече дека двете земји би можеле да бидат горди на својата работа кон мир во Северна Ирска, но додаде оти има уште работа до постигнување траен мир.
Односите меѓу Британија и Ирска постепено се трансформираа по потпишувањето на договорот во 1998 година, со кој и беше ставен крај на деценијата на конфликти во британската провинција Северна Ирска. Британската кралица Елизабета Втора имаше историско прво патување во Ирска во 2011 година.
XS
SM
MD
LG