Достапни линкови

logo-print

Про-руските сепаратисти држат заложници во Луханск


Луханск, 08.04.2014

Луханск, 08.04.2014

Украинската државна служба за безбедност денеска соопшти дека про-руски сепаратисти поставиле експлозив во зградата што ја окупираа во градот Луханск и оти внатре држат во заложништво околу 60 луѓе. Овие акции се екстремно опасни по животите на луѓето и внатре и надвор од објектот, а ваквите активности се терористички, се вели во соопштението. Про-руски сепаратисти во неделата ја окупраа зградата на државната безбедност во Луханск, кога имаша слични упади и во административните објекти во источните градови Харков и Доњецк.
XS
SM
MD
LG