Достапни линкови

Украина и ЕУ за можните алтернативи за снабдување со гас


Јури Продан и Гинтер Отингер

Јури Продан и Гинтер Отингер

Украинскиот министер за енергија Јури Продан, денеска во Брисел имаше средби со претставници на Европската Унија во врска со проблемите со снабдување со руски гас. На средбата со евро-комесарот за енергија, Гинтер Отингер, биле разгледани можностите за надминување на кризата отакако руски Газпром соопшти дека Украина должи 2,2 милијарди долари за испорачаниот гас и се закани дека ќе го прекине снабдувањето. Околу 40 отсто од рускиот извоз на гас за Европа оди преку Украина, па прекинот на снабдување за Украина, ќе значи и големи проблеми за Европа. Продан изјави дека се реални шансите тоа и да се случи, со оглед на фактот дека Украина не може да ги плати бараните 2,2 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG