Достапни линкови

Кери: Руски агенти стојат зад хаосот во источна Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија испратила агенти во источна Украина за да направат хаос, со што би се создале услови за руска воена интервенција и во тој дел на Украина, како по примерот на Крим. Јасно е дека руски специјални сили и агенти стојат зад хаосот во последниве 48 часа, изјави Кери во Сенатот, додавајки дека целта им е да ја дестабилизираат Украина и да извршат воен упад како на Крим. Кери најави и можни нови американски санкции против Русија. Тој додаде дека во наредната недела, во Европа, ќе има средби со рускиот минситер за надворешни работи Сергеј Лавров и со украинските лидери.
XS
SM
MD
LG