Достапни линкови

Изборен пораз на сепаратистите во Квебек


Досега владејачката сепаратистичка партија на Квебек претрпе тежок пораз на вчерашните парламентарни избори во таа франкофонска канадаска покраина. Првата жена премиер во историјата на Квебек и лидерка на партијата Полин Мароа дури го загуби и пратеничкото место во нејзината изборна единца и најави дека ќе поднесе оставка на сите нејзини функции. Иако во предизборната кампања партија Квебек многу не инсистираше на својата сепаратистичка агенда и не агитираше за нов референдум за независност од Канада, победа однесе Либералната партија која освои апсолутно мнозинство.
XS
SM
MD
LG