Достапни линкови

Украина не го платила гасот од Русија за март


Руски Газпром денеска соопшти дека Украина не ја платила сметката за увозот на гас за минатиот месец во предвидениот рок, 7 април. Со тоа, како што се наведува, долгот изнесува две милијарди и двеста милиони долари. Газпром не соопшти дали тоа ќе значи и прекин на испораката на гас за Украина. Во минатата недела Газпром скоро ја удвои цената на гасот за Украина која сега изнесува 485 долари за илјада кубни метри.
XS
SM
MD
LG