Достапни линкови

Во Виена преговори за иранската нуклеарна програма


Виена, 08.04.2014.

Виена, 08.04.2014.

Иран и шесте светски сили денеска во Виена започнаа нова рунда преговори за конечен договор заради ставање крај на сомнежите околу нуклеарната програма на Техеран. Досега се одржаа три рунди преговори кои беа фокусирани врз тоа кои прашања да влезат во долгорочниот договор. Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф изрази надеж дека во претстојните два дена во Виена може да се направи доволен напредок за преговарачите да може да ја почнат подготовката на финалниот договор до средината на мај. Иран и шесте светски сили, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Германија, во ноември постигнаа привремен договор за нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG