Достапни линкови

Во три одвоени акции запленети над 140 килограми дрога


Четири лица се лишени од слобода, за три од нив е определена мерка притвор од 30 дена, а други пет се во бегство, во врска со три одвоени случаи во кои полицијата заплени поголема количина дрога, а во рамки на операцијата „мрежа“ за сузбивање на нелегалната трговија за злоупотреба на наркотици. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција изјави дека во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеле за шверц на наркотици главно од Албанија. МВР против приведените има поднесено кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
XS
SM
MD
LG