Достапни линкови

Повторно партиски препукувања за охридските паркинзи


Паркинг во Охрид.

Паркинг во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ како партија во опозиција беше најгласна против доделувањето на јавните паркинзи на приватни концесионери, а сега носи иста таква одлука, обвинува сегашната охридска опозиција.

Охридските паркинзи и пред овие избори повторно во центарот на партиските препукувања на власта и опозицијата во Охрид. Овој пат опозицијата ги обвинува локалните власти дека не си стојат на зборот и манипулираат со охриѓани. Сегашната власт додека беше во опозиција во Охрид, се бореше паркинзите да не се даваат под концесија и истите да му бидат одземени на приватниот концесионер, а сега сакаат паркинзите да ги дадат на стопанисување по пат на јавно приватно партнерство, обвинуваат од опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ како партија беше најгласна против доделувањето на јавните паркинзи на приватни концесионери, а денеска гледаме иста таква одлука, што значи граѓаните се и излажани и изманипулирани.


Од Јавното претпријатие Билјанини извори велат дека идејата им е само приватниот партнер да набави модерна опрема, додека со паркинзите и во иднина да стопанисуваат тие. Оваа точка за која советниците требаше да расправаат на последната седница на градскиот совет беше повлечена. Совет на Општина Охрид.

Совет на Општина Охрид.



Советникот од ВМРО-НП, Јоне Станковски рече дека ВМРО- ДПМНЕ ги добиле локалните избори најмногу поради паркинзите.

„ВМРО-ДПМНЕ како партија беше најгласна против доделувањето на јавните паркинзи на приватни концесионери, а денеска гледаме иста таква одлука, што значи граѓаните се и излажани и изманипулирани. Знаеме дека ЈП за неколку месеци со половина од паркинзите, затоа што покасно ги доби другите оствари приход од 8 милиони денари, а набавката на опремата е не повеќе од 3 милиони денари. Ова е доволен показател за колку брзо време може опремата да се исплати и средствата нема да одат во приватни џебови“, вели Станкоски.
Не се работи за никакво давање на паркинзите под концесија. ЈП се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и не може само да ја набави опремата, а и неговиот кредитен рејтинг е многу лош.


Ако се има предвид дека секој приватен стопанственик работи за интерес тогаш како не убедуваат дека со јавното приватно партнерство ќе има интерес и градот и приватниот стопанственик, вели Дејан Блажески советник од ЛДП во Охридскиот совет. Тој најавува петиција со која граѓаните би покажале дека се против ваквите одлуки.

„Ако се има во предвид дека некои од минатите концесионери пријавуваа приход од 400.000 евра јасно е дека ЈП само може да ги работи паркинзите без никакво јавно приватно партнерство. Како може интерес да има приватен сопственик, а не може да има интерес ЈП. Време е да се стави крај на овие лаги“, вели Блажески.

Повлекувањето на овие точки нема никаква врска со изборите рече секретарот во Општина Охрид, Димитар Спасески, според кого изјавите поврзани со паркинзите биле спинувани.

„Не се работи за никакво давање на паркинзите под концесија. ЈП се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и не може само да ја набави опремата, а и неговиот кредитен рејтинг е многу лош. Затоа одлучено беше да се изработи физибилити студија која ќе ја покаже економската оправданост и која покажа дека треба да се направи јавно приватно партнерство со партнер кој ќе ја набави опремата. Ова решение треба да овозможи зголемување на наплатата до 40 проценти“, рече Спасески.

Новата локална власт уште на почетокот од својот мандат ги раскина договорите со претходниот концесионер, и ја намали цената на паркирање.
XS
SM
MD
LG