Достапни линкови

Русија: неутрализиран чеченскиот милитант Умаров


Доку Умаров

Доку Умаров

Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека биле, како што се наведува, неутрализирани активностите на чеченскиот милитантен лидер Доку Умаров. Директорот на Службата Александар Бортников прецизира дека тоа било направено во почетокот на оваа година. Без да образложи за што станува збор тој додаде дека во Северен Кавказ биле изведени 33 специјални операции при што биле убиени 36 лидери и 65 членови на верски екстремистички групи, додека 200 други лица биле уапсени. Во минатиот месец милитантната интернет страница Кавказ центар“ објави дека Умаров станал маченик, но без да наведе дали тој загинал или не. Умаров е обвинет за серија бомбашки напади во Русија.
XS
SM
MD
LG