Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

22:19 13.4.2014
МОСТ: Иванов - 53,1 отсто, Пендаровски - 38,8 отсто од гласовите
Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави резултатите од првиот круг на претседателските избори, пресметани врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите. Врз основа овие податоци одѕивот на гласачките места бил 49,64 отсто. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78 отсто. Ѓорге Иванов освоил 53,14 отсто, Илјаз Халими – 4,5 отсто, Стево Пендаровски – 38,78 отсто и Зоран Поповски – 3,58 отсто од гласовите.
22:05 13.4.2014
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Иванов
ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов победија на денешното гласање со водство од над 100 илјади гласови. Од обработени 79 проценти од податоците, Иванов има добиено 381 илјади гласови, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 273 илјади гласови, рече на вечерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев.
21:43 13.4.2014
Иванов води пред Пендаровски
Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, од обработени 61,67 проценти од избирачките места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 224.938 гласови, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 156.814 гласови
21:28 13.4.2014
МВР: Убедливо најмирни избори досега
Избирачкиот ден се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера, оцени Министерството за внатрешни работи.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG