Достапни линкови

logo-print

Безуспешна потрага по црните кутии на исчезнатиот авион


Потрагата по црните кутии на исчезнатиот малезиски патнички авион и натаму без резултат, откако екипите не успееле повторно да ги лоцираат нивните позиции на дното на Индискиот океан. Шефот на потрагата, австралиецот Ангус Хаустон апаратите не успеале да ги фатат сигналите од кутијата кои прв пат биле слушнати пред два дена. Времето за пронаоѓање на кутиите изминува со оглед на фактот што рокот на траење на нивните батерии е еден месец. Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот изчезна на 8 март на летот од Куала Лумпур за Пекинг.
XS
SM
MD
LG