Достапни линкови

Украина пред граѓанска војна


Харков, 08.04.2014.
Харков, 08.04.2014.

Москва го предупреди Киев дека секоја употреба на сила во источниот дел на Украина би можело да ја вовлече земјата во граѓанска војна. Претходно, украинските власти соопштија дека во Харков биле уапсени 70 проруски сепаратисти. Вашингтон пак бара од Москва да не се меша во источна Украина.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека во источниот град Харков била спроведена антитерористичка акција. Тој прецизирал дека притоа биле уапсени 70 сепаратисти поради заземањето на зградата на регионалната администрација. Веднаш потоа Русија го предупреди Киев дека секоја употреба на сила во источниот дел на Украина би можело да ја вовлече земјата во граѓанска војна.


„Бараме итен прекин на воените подготовки кои носат опасност од граѓанска војна“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Во изминативе денови проруски активисти ги зазеле зградите на локалната администрација во Харков, Доњецк и Луханск, прогласувајќи самостојни републики и барајќи референдум за припојување кон Русија.
Ако Русија влезе во источна Украина, било отворено или скришно, тоа ќе претставува сериозна ескалација. Ги повикуваме претседателот Владимир Путин и неговата влада да престане со напорите за дестабилизирање на Украина.

Претходно, Соединетите држави ја повикаа Москва да престане да ја дестабилизира Украина.

Шефовите на американската и на руската дипломатија Џон Кери и Сергеј Лавров телефонски разговарале за ескалацијата на настаните во источниот дел на Украина.

Според портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки, Кери му рекол на Лавров дека сите натамошни руски напори за дестабилизирање на Украина ќе значат и натамошна цена за Русија.

Кери оценил дека настаните на истокот на Украина не биле спонтани, туку изгледале како внимателно оркестрирана кампања со руска поддршка.

„Тој побара од Русија јавно да се одрекне од активностите на сепартистите, саботерите и провокаторите и повика на деескалација и на дијалог“, рече портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.

Со иста оценка се јави и Белата куќа која наведе дека постојат силни докази оти некои проруски демонстранти биле платеници и не живееле во Укрина.


„Ако Русија влезе во источна Украина, било отворено или скришно, тоа ќе претставува сериозна ескалација. Ги повикуваме претседателот Владимир Путин и неговата влада да престане со напорите за дестабилизирање на Украина“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, кој најави дека Соединетите држави биле подготвени на нови економски санкции против Русија.

Со цел да се намалат тензиите во Украина Кери и Лавров разговарале во наредните десетина дена да се одржат директни разговори меѓу Украина, Русија, Соединетите држави и Европската унија.

Од своја страна, Лавров му рекол на Кери дека за решавање на кризата се неопходни реформи на Уставот на Украина со цел регионите да добијат поголема самостојност.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG