Достапни линкови

logo-print

Иванов со награда за демократија и пазарна економија


Фондот за американски студии, Институт во Вашингтон за промовирање лидерство во политиката и развој на слободата и пазарната економија во светот, го избра претседателот Ѓорге Иванов за добитник на нивната Награда за слобода. „Го одбравме претседателот Иванов поради неговите достигнувања во промоцијата на економската слобода на земјата, во намалувањето на даночните стапки и невработеноста, зголемувањето на транспарентноста и подобрувањето на јавното образование. Сето тоа го прави одличен пример за нашите студенти и за другите земји во светот “, изјави Стивен Слатери, потпретседател на Фондот за американски студии. Во минатото, носители на оваа награда меѓу другите беа Лех Валенса, Зоран Ѓинѓиќ, Арпад Генц, Борис Тадиќ и Вацлав Клаус. Наградата на Иванов ќе му биде доделена во август на Карловиот универзитет во Прага. Фондот за американски студии е основан пред половина век од американскиот политичар Чарлс Едисон, син на научникот Томас Едисон.
XS
SM
MD
LG