Достапни линкови

Украина: акција против сепаратистите во Харков


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека во источниот град Харков била спроведена антитерористичка акција. Агенцијата Интерфакс ја пренесува неговата изјава во која наведува дека биле уапсени 70 сепаратисти поради заземањето на зградата на регионалната администрација. Според Аваков, центарот на градот бил блокиран. Во меѓувреме, руското министерство за ндаворешни работи денеска ги повика украинските власти да не разместуваат воени сили кои, според министерството, имале задача да ги растурат антивладините демонстрации во југоисточниот дел на Украина. Во изминативе денови проруски активисти ги зазеле зградите во Харков, Доњецк и Луханск, прогласувајќи самостојни републики и барајќи референдум за припојување кон Русија.
XS
SM
MD
LG