Достапни линкови

Се засилуваат тензиите меѓу САД и Русија поради Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери во вчерашниот телефонски разговор му рекол на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека понатамошните руски напори за дестабилизација на Украина ќе ја чинат Русија сè поскапо, соопшти Стејт депарментот. Кери рекол дека настаните во источна Украина не личат на „спонтани“. Белата куќа соопшти дека има „силни докази“ дека проруските демонстранти во источна Украина „биле платеници, а не локални жители“. Про-руските активисти што ги запоседнаа регионалните владини објекти во Доњецк прогласија „народна република“ и најавија дека ќе одржат референдум за источниот дел на Украина да се припои кон Русија. В.д. претседателот на Украина, Олексанр Турчинов, ја обвини Русија за немирите во источниот дел на земјата, но руското Министерство за надворешни работи одговори дека Киев треба да престане да го вперува прстот во Москва за настаните во Украина.​
XS
SM
MD
LG