Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу пакистанските сили и сепаратистите во Балучистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 30 сепаратистички милитанти загинаа во вчерашните судири со безбедносните сили во југозападната провинција Балучистан, соопштуваат пакистанските власти. Тие информираат дека во текот на судирите биле повредени 10 пакистански војници и оти е запленето поголемо количество оружје. Бунтовниците кои се борат за независност на Балучистан ја обвинуваат федералната влада дека ги експлоатира природните ресурси на регионот, но ја занемарува сиромаштијата на населението. Тие често ги напаѓаат владините институции и безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG