Достапни линкови

Американскиот Сенат му забрани влез во САД на ирански дипломат


Иранскиот дипломат Хамид Абуталеби.

Иранскиот дипломат Хамид Абуталеби.

Американскиот Сенат вчера донесе закон со кој му се забранува влез во САД на иранскиот дипломат Хамид Абуталеби, за кој се очекува Техеран да го постави за нов амбасадор во ОН. Искусниот дипломат Абуталеби се сомничи дека учествувал во заземањето на американската амбасада во Техеран во 1979 година, при што 52 Американци беа држени во заложништво 444 дена. Тој негира дека учествувал во заземањето на амбасадата, велејќи дека само им бил преведувач на заложниците. Републиканскиот сенатор Тед Круз од Тексас рече дека неговото „назначување е намерна и недвосмислена навреда за САД“.
XS
SM
MD
LG