Достапни линкови

Бан Ки-мун го осуди убиството на холандскиот свештеник во Сирија


Холандскиот језуитски свештеник Франс Ван Дер Лугт.

Холандскиот језуитски свештеник Франс Ван Дер Лугт.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди убиството на еден холандски језуитски свештеник во Сирија како „нехуман чин на насилство“. Убиениот, 75-годишниот Франс Ван Дер Лугт, живеел во Сирија од почетокот на 1970-тите. Вооружени мажи упаднале во неговиот дом вчера наутро и два пати го застрелале во глава. Портпаролот на Бан Ки-мун рече дека шефот на ОН „бара завојуваните страни и нивните поддржувачи да обезбедат заштита на цивилите без разлика на нивната вера, заедница или етничка припадност“. Ван Дер Лугт во видео апел објавен оваа година предупреди дека луѓето во Хомс страдаат во мизерија и глад.
XS
SM
MD
LG