Достапни линкови

logo-print

Села ќе ги бојкотира изборите, каде ќе отидат гласовите?


Градоначалникот на Струга, Зиадин Села.

Градоначалникот на Струга, Зиадин Села.

Струшкиот градоначалник го повика Тачи доколку изгуби на овие избори да си поднесе оставка од лидер на ДПА. Струшкиот огранок на партијата ќе ги бојкотира изборите.

Наша цел не е да ѝ наштетиме на ДПА туку да ѝ помогнеме на партијата, вели струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој заедно со локалниот огранок на ДПА останува на ветувањето за целосен мораториум, односно бојкот на овие парламентарни избори.
Му пожелувам успех да победи во сите изборини единици, а ако изгуби на 27 април очекувам да даде оставка. Ако не даде оставка ќе започне неговото заминување од челник на партијата


Недоразбирањата испливаа на површина откако струшкиот огранок јавно искажа незадоволство од лидерот Мендух Тачи кој за носител во петата изборна единица го постави Зија Јонузи. Села го повика Тачи доколку изгуби на овие избори да си поднесе оставка од претседателското место во партијата. Не кажа дали има амбиции да го замени Тачи како лидер на ДПА.
Предизборен митинг на ДПА во Струга.

Предизборен митинг на ДПА во Струга.

Целата јавност го знае менталниот склоп на членовите и симпатизерите на ДПА. Тие можат да прават сè и сешто, но да ги носат гласовите во друга партија, тоа не е можно.

„Ова движење нема за цел Мендух Тачи потоа пак да биде лидер на ДПА. Јас му пожелувам на Мендух Тачи да биде успешен на овие избори. Ако ги победи изборите, Тачи нека продолжи да биде челник на ДПА, но огранокот во Струга ќе биде некаква опозиција внатре во партијата која ќе следи до каде е новиот политички договор, кој ние од 2009 година го ветуваме пред народот. Му пожелувам успех да победи во сите изборини единици, а ако изгуби на 27 април очекувам да даде оставка. Ако не даде оставка ќе започне неговото заминување од челник на партијата“, рече Села.

Села вели дека случувањата во партијата немале да одат во прилог на ниту една друга албанска политичка партија, бидејќи ниту една од нив не нудела нешто посебно.

Носителот на листата на ДПА во петка, Зија Јонузи не верува дека ќе има одлевање на гласови од неговата партија во другите албански партии.

„Сите тие луѓе што години наназад гласаат за платформата на ДПА пак ќе ја гласаат. Градоначалникот сака неколку луѓе да ги натера да не гласаат за ДПА. Но мислам дека и тоа ќе се надмиме и гласовите на ДПА сите пак ќе се на број. Целата јавност го знае менталниот склоп на членовите и симпатизерите на ДПА. Тие можат да прават сè и сешто, но да ги носат гласовите во друга партија, тоа не е можно“, вели Јонузи.

Но Шпетим Положани политички аналитичар и добар познавач на состојбите во Струга вели дека она што се случува сега во огранокот на ДПА било почеток на заздравувањето на политичкиот живот меѓу албанските политички партии во Македонија.

„Ако не е тоа некоја стратегија, но мислам дека не е стратегија бидејќи зрели се условите помладата генерација да ги преземе работите во свои раце. Јас мислам дека Струга ќе биде како пример и на другите ограноци, не само на ДПА, туку и на другите албански партии и мислам дека со ова се отвара пат за помалите партии да излезат на површина“, вели Положани.
XS
SM
MD
LG